ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 4:11 PM

Фаталниот градоначалник и неговите бурни љубови: Драшко една девојка остави пред олтар, друга му расипа две врски

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ (28), освен на политичките страници, последниве месеци се почесто е присутен и на забавните страници, поради бурниот љубовен живот и врските со дами од јавниот свет. Драшко најпрво бил во врска со атрактивната бринета Кристина Бероња, студентка на Факултетот за медиуми и комуникации, која се занимава и со манекенство.
Со згодната белграѓанка тој летово првпат се појави во јавност на Бања Лука фест каде привлекоа големо внимание, а како што се пишуваше се запознале преку социјалните мрежи.

После тоа одвреме-навреме објавуваа заеднички фотографии, но набрзо во медиумите се појави веста за блиското пријателство меѓу Драшко и Кија Коцкар, пејачка и победничка на „Задруга 1“.
Како што се пишуваше, тие двајца во август годинава биле видени заедно во Црна Гора каде се возеле на скутер. Но, после тоа беше објавено дека Кија го следела Драшко и на Инстаграм, каде си ги лајкнувале фотографиите, но дека по објавувањето на веста дека се блиски веднаш го одследела.
Поради сето ова, Кристина Бероња, тогашната девојка на Драшко, се налутила и решила да ја прекине врската со градоначалникот, но набрзо се помириле.


– Му се јави и му рече дека е крај. Тој се обидел да и објасни дека не е во право, дека нема врска со Киа, но таа била убедена дека се во врска. И луѓето околу неа и ја наполнија главата  дека на фотографиите се гледа дека Кија и Драшко се многу блиски, и дека има нешто меѓу нив. Меѓутоа, по неколку часа, кога ја оладила главата, Кристина му се јавила на Драшко и мирно разговарала со него, по што се помириле – изјави тогаш извор за српските медиуми.


Но, само што слегна прашината околу Кија Коцкар, во медиумите се појави веста дека Драшко е во врска со пејачката Тања Савиќ. Ова првпат јавно го објави водителката Јована Јеремиќ, а го означи и конечниот крај на врската на Драшко со Кристина, со која, како што се пишуваше, планирал и свадба.
Како што пишуваа медиумите, врската меѓу Тања и Драшко датирала од јануари годинава, но дури неодамна исплива на површина. Се пишуваше дека заедно биле на Јахорина, а има и фотографии од настапот на Тања на кои се прегрнати.

Според наводите, Тања раскинала и со Драшко поради Кија Коцкар, но сепак успеале да ги надминат проблемите, а сега, како што се наведува, повторно се вљубени. Неодамна се видени заедно во Бања Лука, а Драшко е многу галантен кон Тања, ја носи во луксузни ресторани и шопинг, а времето го поминуваат и со пријателите.

И после се на социјалните мрежи повторно се појави Кристина Бероња, на која веројатно не и се допаѓаат изборите што ги направи Станивуковиќ после неа.

– Простете ми го моето грдо минато – напишала таа на Инстаграм, со емотикон како плаче од смеа.

Извор: blic.rs/

Фото: kurir.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1