ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 2:24 PM

Грчките лекари ги насамариле антиваксерите – Им земале мито, но место вода им вбризгале вистинска вакцина

Во десетици центри за вакцинација низ Грција се вршат масовни лажни вакцинирања, јавуваат локалните медиуми. Оние кои сакаат да добијат ковид пропусници, но да не примаат вакцина, поткупуваат лекари и медицински сестри, да им вбризгуваат вода. Тој поткуп изнесува 400 евра, пишува “Keep Talking Greece”.

Таа цена ја плаќаат оние кои не сакаат да примаат вакцини против Ковид-19, туку сакаат да добијат пристап до различни места или едноставно да избегнат да се подложат на брзи тестови двапати неделно. Но, се случила една урнебесна работа: некои лекари го ставиле митото во џебот, но ја дале вистинската вакцина, а не „вода“, за да не западнат во неволја, се вели во извештајот на ТВ Мега.

Измамените антиваксери би можеле да ги имаат вообичаените несакани ефекти од вакцината, па да отидат на лекар на преглед и да дознаат дека им ја дале вистинската вакцина.
Оваа состојба колку и да е смешна има и позитивна и негативна страна. Позитивната страна е што тоа би значело дека сега имаат антитела против корона вирусот. Негативната страна е што биле подложени на медицински третман без нивна согласност. Но, дали можат да ги тужат лекарите? Да, ако признаат дека биле поткупени за да добијат лажен сертификат за вакцинација. Затоа, таквата правна постапка е малку веројатна.

Според пишувањето на Tovima, околу 100 до 200 центри за вакцинација од вкупно 2.000 и околу 200-300 лекари и медицински сестри биле вклучени во такви лажни вакцини и во обид за промена на податоците за вакцинација. Се проценува дека над 100.000 граѓани добиле лажни потврди за вакцинација со незаконски методи.

Грчката полиција наводно отфрлила дел од извештајот на Tovima, без да прецизира детали.

Извор: blic.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1