ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 2:16 PM

И осипот може да биде прв симптом за ковид: Д-р Јована Мајсторовиќ за влијанието на вирусот врз кожата

Како првутот и псоријазата се поврзани со коронавирусот? На оваа тема објаснување даде дерматологот Јована Мајсторовиќ гостувајќи на ТВ Прва. Таа им укажа на луѓето како да го ублажат проблемот доколку дојде до него.

Кај дваесетина отсто од пациентите кои го прележале коронавирусот може да дојде до промена на кожата – потврди докторката. Сепак,  не мора само коронавирусот да предизвика првут и промени на кожата.

„Кога е првутот во прашање, мора да се преиспитаат суплементите кои се користат за зајакнување на имунитетот“, вели докторката. Секако, важно е да се обрне внимание на тоа дека мора да ги следиме советите на лекарите.

„Прележаната инфекција е еден тип на стрес, па разбирливо е дека доаѓа до влошување на псоријазата. Важно е да се следат советите на лекарите и ќе има минимални нуспојави“, вели дерматологот. Мајсторовиќ. Што се однесва до влијанието на кортикостероидните масти на здравјето, таа нема дилема.

„Кортикостероидите може да се користат и во текот на бременоста, но треба да се внимава на количината. Важно е да се знае каква е шемата која мора да се почитува“, вели д-р Мајсторовиќ.

Исто така, тврди дека очекувано е во текот на инфекцијата или по прележаниот ковид да се јават промени на кожата.

„Се јавуваат различни видови осип кои многу често кратко траат, но исто така може да бидат и први симптоми на ковид. Различните промени на кожата се јавуваат поради промени во крвните садови“, заклучува докторката.

 

Извор: b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1