ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 11:44 AM

(Видео) „Ваков таков“ на ДНК и Young Dadi е новиот хит на македонската сцена

„Ваков таков“ е насловот на најновото музичко парче на дуото ДНК пласирано во соработка со Young Dadi, трап артист чие време допрва доаѓа.

Текстот на песната го потпишуваат Панчо и Young Dadi, а музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Борис Какуринов од Дупер.

Зад аранжманот стои Лазар Цветкоски со мала помош од Борис.

„Ваков таков” е мастеризирана во Лондон од страна на Streaky.

„Снимивме дует со, според нас, еден од најперспективните алтеративни трап артисти, за кој спотот го направивме за време на забавата на која го испраќавме за Мадрид на студии. Решивме токму забавата да ја преточиме во видео заради одличната енергија и позитивните луѓе кои беа присутни, а и затоа што сето беше само надополнување на позитивата во песната. Позитивна песна, позитивни луѓе, интересен спој и се роди „Ваков таков”, велат Панчо и Андреј од ДНК.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1