ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 10:06 AM

Портал со сигурност најавува трето вето од Бугарија само поради црната кампања против Арсовска

Само еден наслов и споделено видео од политичка партија македонски портал сметал дека е доволно за со сигурност да тврди дека Македонија е пред ново, бугарско вето, само поради тоа што СДСМ водел црна кампања против новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. Во кампањата од вториот круг на Локалните избори 2021, СДСМ во јавноста изнесе документи, со кои како што тврдеше, е бугарското државјанство на кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Аровска. Тогаш Арсовска демантираше дека има бугарско државјанство.

(ВИДЕО) Бугарија припрема ново вето поради црната кампања на СДСМ кон Данела Арсовска, е насловот на порталот кој споделува видео од телевизиско гостување на пратеникот од Левица, Борислав Крмов. Пратеникот во видеото став дека ќе Македонија ќе добие ново вето од Бугарија во декември, кога е Европската Унија повторно ќе се наврати на проширувањето и статусот на Македонија.

Овој пат, вели Крмов, ветото ќе добиеме со оправдување дека е иницирано од црната и морам да кажам шовинистичка кампања, која СДСМ ја тераше во вториот круг од изборите. Тие веќе имаа, Министерството за надворешни работи  на Бугарија кажа дека поради таа шовинистичка кампања којашто ја тераше СДСМ, тие го изработуваат новиот став, којшто ќе го презентираат тогаш во декември, што значи како второ, трето вето од Бугарија, кое ќе биде по заслуга на СДСМ. Значи, тоа е врв на политичката иронија и не знам друго што да додадам, рече Крмов во ТВ настапот.

Крмов цитира соопштение од Министерството за надворешни работи на Бугарија од 1 ноември, што ако целосно се прочита, ќе се види дека никаде не се споменува „изнесување на став во декември“, како што тврди пратеникот, ниту во соопштението најавуваат ново вето.

МНР на Бугарија реагира на како што пишува „агресивната политичка кампања, спроведена минатата недела во Република Северна Македонија и намерната злоупотреба на темата бугарско државјанство во изборниот процес“.

Агресивната реторика во изборната кампања за градоначалник на Скопје се уште еден илустративен пример за нетрпеливост и непријателство кон Бугарија и граѓаните со бугарски идентитет.Потсетуваме дека според чл. 11, ст. 6 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, двете страни треба да преземат „ефективни мерки за спречување на ненамерна пропаганда од страна на институциите и агенциите и ќе ги обесхрабрат активностите на приватните субјекти насочени кон поттикнување насилство, омраза или други слични дејствија кои би им наштетиле на нивната врска. Строго, сериозно и целосно спроведување на меѓународно обврзувачките законски обврски е од клучно значење и останува предуслов за напредок во пристапувањето во ЕУ, стои во соопштението на МНР на Бугарија.

Бугарија редовно реагира на говорот на омраза кон граѓаните со бугарско државјанство, кои живеат во Македонија. Споменатото соопштение беше една од реакцијата. Сепак, соопштението со ништо не го поткрепува тврдењето на пратеникот, а ни насловот, дека „црната кампања кон Арсовска“ ќе биде причина за новото, трето бугарско вето.

Во Насоките за етичко информирање во онлајн медиумите пишува:

Онлајн медиумите ќе го почитуваат правото на граѓаните да добиваат навремени, проверени, точни и објективни информации за темите кои се од јавно значење и никако нема да дозволат искривување на вестите и манипулирање со информациите и податоците“.

Онлајн медиумите ќе известуваат само врз основа на факти чие потекло му е познато на новинарот, повикувајќи се на различни извори на информации и, по правило, потпирајќи се на јасно идентификувани и веродостојни извори“.

This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementer/author Media plus and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementues/autore Media plus, dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1