ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 9:45 PM

Сите ги фрламе листовите, а се здрави колку и цвеклото

Во текот на целата година, а особено во зима, важно е да се зема препорачаната доза на витамини и минерали за да се заштити телото од вируси и настинки.

Цвеклото одамна е познато како ризница на витамини, но обично мислиме на неговиот корен. А што е со лисјата? Иако многумина не знаат, неговите листови се јадат и се многу здрави, пишува „Lovesensa“.

Богат е со витамин А.

Една порција листови од цвекло, околу 38 грама, обезбедува речиси половина од препорачаната дневна доза на витамин А. Тој е антиоксиданс растворлив во масти и е важен за репродуктивниот и имунолошкиот систем, како и за здрава, сјајна кожа.

Има големи количини на витамин Ц.

Познато е дека витаминот Ц помага во зајакнување на имунитетот неопходен за борба против грип и настинка. Зелениот дел од цвеклото содржи голема количина на овој витамин, па затоа е особено важно да се јаде во текот на зимата.

Богат е со полифеноли

Полифенолите содржат антиоксидантни својства кои можат да помогнат во намалување и спречување на разни воспаленија во телото. Полифенолите може да се најдат во зелениот дел на цвеклото како и во коренот.

Како да ги консумирате листовите од цвекло?

Многумина се скептични за листовите од цвекло, однапред очекувајќи дека тие воопшто не се вкусни. Сепак, точно е дека имаат малку сладок вкус и можат да се јадат како и секој друг зелен зеленчук. Можете да направите салата од свежи листови цвекло и да зачинете по ваш вкус. Со оглед на тоа што имаат сладок вкус, можете да ги додадете во смути од овошје или зеленчук и на тој начин хранливо да го збогатите вашиот оброк. Ако сакате песто, половина од листовите босилек заменете ги со листови цвекло и заедно со останатите состојки ставете ги во блендер.

Листовите од цвекло може да се сварат и кратко и да се послужат како прилог со месо или риба или да се зготват заедно со друг зеленчук и да се подготви чорба или оживувачка супа.

Извор: Стил.курир.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1