ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 7:37 PM

Двајца пратеници во изолација – Ќе се гласа ли недоверба на Владата во скафандери?

Двајца пратеници во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелинка Петкова се во изолација, но се очекува во четврток да дојдат во Собрание на седницата по поднесената Иницијативата за изгласување недоверба на Владата.

Како што рече Мицевски за МИА, тој и Петкова ќе присуствуваат на седницата согласно Протоколот што беше донесен од Комисијата за заразни болести и беше применет во Собранието во април годинава.

Пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ во април дојдоа во Собранието со скафандери за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1