ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 6:56 PM

Оваа прегратка ме направи човек – Северина откри која е најважната личност во нејзиниот живот

Сплитската пејачка Северина сподели неколку фотографии на Инстаграм со нејзината мајка Ана, за која рече дека е нејзината најголема поддршка во животот.

Северина никогаш не криела колку и значи поддршката од мајка и, а се чини дека ја користи секоја прилика да ја сподели љубовта што ја чувствува кон неа со јавноста.

Таа на Инстаграм објави неколку фотографии на кои е во прегратките на нејзината мајка Ана, а во описот сподели и неколку емотивни реченици.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Оваа прегратка ме направи човек, овие раце ми всадија топлина и нежност, нејзиното срце храброст, нејзината поддршка сигурност… нејзиниот став достоинство. Мама е моето најбезбедно прибежиште“, напиша пејачката под фотографиите.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1