ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 5:03 PM

Десет починати и 156 нови случаи со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа направени се 1.309 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 91, Кавадарци – 19, Битола – 13, Прилеп и Куманово – по 8, Кочани – 3, Струга – 2, Тетово, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица од кои четири од Скопје (76г, 78г, 79г и 82г) и по едно починато лице од Кавадарци (61г), Штип (38г), Прилеп (66г), Велес (47г), Свети Николе (82г) и Берово (35г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 326 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Куманово – 30, Кавадарци – 23, Штип – 21, Битола и Крива Паланка – по 18, Прилеп – 17, Велес – 14, Кочани – 11, Тетово, Кратово и Неготино – по 6, Пробиштип – 5, Богданци и Виница – по 3, Кичево и Гостивар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Делчево, Радовиш, Крушево и Дојран – по 1.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1