ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 5:24 PM

Горан Гаврилов постхумно го доби признанието „Осми ноември“ (видео)

За исклучителен придонес во промовирањето и афирмирањето на Штип како општественик и основач на првото приватно Национално радио Канал 77, Горан Гаврилов по повод Денот на ослободувањето на градот, постхумно го доби признанието „Осми ноември“.

Канал 77 беше и остана единствениот национален медиум со седиште надвор од главниот град, а Гаврилов создаде уште еден бренд, по кој стана познат Штип.Беше домаќин на повеќе десетина амбасадори на странски земји во Штип, со што пред нив го промовираше градот.

Ја основаше и раководеше Асоцијацијата на приватни медиуми на Македонија (АПЕММ), која се залагаше за демократизација на медиумскиот простор преку хармонизација на законодавството со ЕУ.
Беше дел од сите работни групи за законски измени во сферата на медиумите и радиодифузијата.

Горан Гаврилов раководеше и беше член на повеќе реномирани медиумски организации: Медиумската група на Пактот за стабилност, претседател на Мрежата на радија во Југоисточна Европа (СИНАПБ),член на Балтичкиот центар за развој на радиодифузерите, генерален менаџер на Медиската група ВАЦ , претседател на Надзорниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Основач е и член на Управниот одбор на Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Добитник  е на Специјалното признание за придонес во мрежата СИНАПБ. Своето знаење го има пренесено дома, кај македонските радиодифузери, кои се формираа со негова помош, па се’ до Африка, во Брукина Фасо, каде помогна во создавањето на првото демократско радио на контитнентот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1