ММС
Банер за Супер7
Фото: NordPhoto/PIXSELL

Објавено на: 11/8/21 3:41 PM

За 243.000 долари продаден фустанот на Ејми Вајнхаус од нејзиниот последен концерт

Фустанот, кој пејачката Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен концерт во јуни 2011 година во Белград, беше продаден на аукција во саботата и неделата за повеќе од 243.000 долари, што е за 16 пати повеќе од првичната проценка на организаторите.
Британската пејачка, која почина на 27-годишна возраст борејќи се со тешка зависност од алкохол и дрога, на тој концерт дошла во пијана состојба и беше исвиркана од публиката. Турнејата беше откажана, а Ејми почина еден месец подоцна.
Таа вечер носеше мини зелено-црн фустан со цветни и бамбусови мотиви, дело на стилистката Наоми Пари. Julien’s Auctions очекуваше дека предметот ќе се продаде за 15.000 до 20.000 долари. На продажба се понудени и 800 други колекции, облека, модни додатоци, музички инструменти, книги, носачи на звук. Организаторите очекуваа да соберат вкупно два милиони долари, но на крајот понудените предмети се продадени за повеќе од четири милиони.
Меѓу нив, покрај облеката на Ејми, имаше и рачно напишани белешки и други додатоци кои станаа дел од нејзиниот имиџ.
Црвената кожна чанта во форма на срце, потпишана од модната куќа Москино, која Вајнхаус ја носеше на доделувањето на Брит наградите во 2007 година, кога ја освои наградата за најдобар соло изведувач, продадена е за 204.800 долари, што е 13 пати повеќе од проценетата, и златниот фустан на модното дуо Долче и Габана кое исто така е облечен на еден од настапите, достигна цена од 150.000 долари, што е дури 30 пати повеќе од цената на која се надеваа на аукциската куќа.
Комбинезонот „Темперли Лондон“ што Ејми го носеше на настап организиран во чест на прославата на 90-тиот роденден на Нелсон Мандела, е продаден за повеќе од 121.000 долари. Пред аукцијата, таа беше проценета на 1.000 долари. Штиклите со потпис на Christian Louboutin што ги носеше во истата прилика беа продадени за 38.400 долари, или за цена 64 пати повисока од првично очекуваната. Два пара од нејзините розови балетски папучи се продадени за 12.500 и 19.200 долари, а металниот уличен знак со натпис „Камден плоштад“ на кој обожавателите ги напишаа своите посвети по смртта на Ејми, продаден е за 19.200 долари.
Сите приходи од аукцијата организирана од Julien’s Auctions наречена „Животот и кариерата на Ејми Вајнхаус“ се донирани на фондацијата основана од родителите на пејачката во спомен на нивната прерано почината ќерка, а средствата треба да помогнат во лекувањето на младите луѓе фатени во вртлогот на зависност.
Вајнхаус почина во јули 2011 година од труење со алкохол, по долга борба со зависноста.

Извор и фото: 24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1