ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 3:03 PM

Единствениот број за итни повици треба да биде пуштен на 11 февруари, најави Стојанче Ангелов

Унапредување на 45 лица во Центарот за управување со кризи (ЦУК), вработување на неопределено време на лицата кои се вработени на определено време, имплементација на единствениот европски број 112 и реформи во целиот систем на управување со кризи се дел од задачите кои треба да бидат реализирани во следниот период, информира на денешната прес-конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Ангелов очекува на 11 февруари, кога е и Ден на европскиот број за итни повици Е112, бројот да биде пуштен во употреба и да ги прифаќа сите повици на граѓаните.

Една од целите, како што посочи тој, беше набавка на два медикоптери нешто што, според него е неоходно, бидејќи, како што кажа, оваа година се појавија повеќе ситуации каде беше неопходна хеликоптерска евакуација.

– Нашите хеликоптери летаат само дење во спасувачки мисии, да, хеликоптерите можат да летаат ноќно време, но можат да полетуваат само на бележан аеродром, летањето ноќно време на планина или непознат регион каде хеликоптерите треба да се спуштат ниско, претстаува ризик. Треба да набавиме два, евентуално еден медикоптер кои би биле користени во сите итни ситуации, кога е потребен брз транспорт на повредените, рече Ангелов.

На прагот сме на една нова енергетска криза, па, како што посочи, денеска најверојатно ќе има управувачки комитет на којшто членовите треба да утврдат дали на Владата ќе и предложат прогласување на кризна состојба предизвикана од енергетската криза која се заканува не само на нашата земја туку и во целиот регион.

 

МИА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1