ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 2:02 PM

Скопјани пијат безбедна и квалитетена вода

Водата за пиење во град Скопје е безбедна и квалитетна, покажуваат анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Во неделниот извештај кој го објавува ЈП „Водовод и канализација” стои дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 01.11.2021 до 05.11.2021 земал 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, стои во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1