ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 1:35 PM

Не земајте лекови на „своја рака“: Д-р Дарио Јоциќ со објаснување за Д-димерите, коронавирусот и тромбозата

Зголеменото ниво на Д-димери не мора да биде сигнал за тромбоза во телото, објаснува васкуларниот хирург д-р Дарио Јоциќ. Тој во интервју за ТВ Прва даде објаснување за крвните згрутчувања и Д-димерите за кои од почетокот на пандемијата со ковид слушаме постојано.

Тој објасни што претставуваат Д-димерите, што значи зголеменото ниво, дали е тоа услов за лечење или знак дека во телото со сигурност постои крвно згрутчување.

„Во суштината, Д-димерот е биохуморален параметар во крвта кој покажува дали во некој момент постои топење на тромб. Кога тромбот се топи еден од неговите протеини се дели на два дела и да објаснам попластично, тие делови се викаат Д-димери“, изјави д-р Јоциќ.

Тој потенцираше дека создавањето и топењето на згрутчувањето на крвта се случува во телото во секое време и секогаш постои некоја вреднот на Д-димери во крвта.

„Но кога е нарушена рамнотежата доаѓа до зголемена тромбоза. Тоа едноставно се случува, не значи дека имаме згрутчување во телото, туку имаме зголемено ниво на Д-димерите кога рамнотежата е пореметена“, објасни хирургот.

Во однос на тоа дали „опсесивно“ треба да ги мериме Д-димерите докторот истакна дека помалку или повеќе не треба воопшто да се следат.

„Сите одат и проверуваат. Точно дека Д-димерите се задолжителни покрај некои лабараториски анализа во рамките на ковид лекувањето, но некогаш пациентите ќе донесат резултати, а ние не знаеме што со нив. Важно е да знаете дека не се лекува вредноста на Д-димерите туку пациентот и неговите заболувања“, додаде докторот.

Заболувањата се исто така важна тема, бидејќи тромбозата не „оди“ само со покачени Д-димерите.

„Тромбозата најчесто не е скриена, таа не е нешто што настанува, а што ние не можеме да го забележиме. Постојат заболувања кои укажуваат на крвно згрутчување, тогаш се сомневаме на него. На основа на тоа и фазите на болеста. Па и ковид, се дава терапија. Не може само Д-димерот да биде индикација за давање терапија бидејќи ако тој е нормален, тромбоза нема. Ако е покачен, не значи дека има тромбоза“, додаде д-р Јоциќ.

Според него, вредноста на Д-димерите во текот на ковид инфекцијата може да се зголеми, но ако се следи изолирано таа не е индикација за примена на каква било терапија. Докажано е дека кај пациентите кои не се хоспитализирани, а се позитивни на корона, примената на лекови за разредување на крвта не ја намалува фреквенција на развој на тромботични компликации.

„Иако многу пациенти се плашат да не настане тромбоза не се препорачува самоиницијативна примена на лековите кои служат за разредување на крвта како што е аспиринот. Само лекар може да одреди дали е таква терапија потребна, кој лек, во какви дози и колку долго треба да се применува. Пред примената на претходно споменатите лекови неопходно е да се утврди дали дошло до длабока венска тромбоза (обично запушување на крвните садови во нозете) или емболија на белите дробови (запушување на крвните садови во белите дробови) што се прави со различни радиолошки прегледи кои се индицираат само ако пациентот има одредени симптоми кои укажуваат на таа болест (на пример – едностран оток на ногата, отежнато дишење, крв при искашлување…)“, посочи д-р Јоциќ.

 

Извор: mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1