ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 1:09 PM

Кобно одењето до тоалет – Детали за починатиот 38-годишен штипјанец и беровчанец на клиниката во Штип

Белодробна тромб емболија,предизвикана од корона вирусот е причина за смртта на 38-годишниот штипјанец, кој синоќа почина на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Д-р Дијана Шишкова, началник на Инфективното одделение објасни дека младиот пациент неколку дена бил следен амбулантски, 4-5 дена со висока температура од 39 степени и со лесен пад на сатурација. Му била предложена хоспитализација, по што бил примен на Инфективното одделение.

-Беше ставен на  кислородна поддршка, за во текот на следните денови почна да му се влошува пневмонијата, поради што беше ординирана соодветна терапија, на што добро реагираше. Вчера утрото беше во добра состојба, стабилен , но едно одење до тоалет можеби беше индикација за влошување на клиничката слика со развивање на белодробна тромб емболија. Веднаш беше повикан кардиолог, анестезиолог и ординирана соодветна терапија. Беше постигната извесна стабилизација, но во попладневните часови пак настапи влошување и за жал заврши со смртен исход, изјави д-р Шишкова.

35-годишникот од Берово бил донесен со коморбидитет и Даунов синдром. Пацинетот во штипската болница бил примен во тешка состојба , со кислородна поддршка.

-На Инфективното одделение престојуваше три дена, при што и состојбата постојано му се влошуваше и за жал, почина, рече д-р Шишкова.

Во Клиничката болница во Штип полека се полнат капацитетите, меѓутоа, лекарите предупредуваат и на голем број на болни, кои добиле потврда со брзите тестови, но не се официјално на листата на заболени од Ковид 19.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1