ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 8:43 AM

(Видео) Одбила да се вакцинира, па добила отказ во дом за стари лица

Луис Акестер (36) ја загубила работата откако одбила да се вакцинира против Ковид. Работела во дом за стари лица, а договорот и бил раскинат по три години работа во таа фирма. 36-годишната жена со скршено срце објави видео по последната смена. Солзи и течат додека зборува за тоа како ја завршила последната смена.

– Тоа е најтешкото нешто што некогаш сум морал да го направам, да се збогувам со сите, со сите луѓе за кои се грижам. Работев толку долго, ова е толку неправедно – рече таа.
Таа одбила да се вакцинира, но била тестирана три пати неделно и носела заштитна опрема на работа и ги следела сите безбедносни упатства, пишува Мирор.

@louiseakester##againstcovidvaccine♬ original sound – Louise Akester


Луиз вели дека ова е неправедно кон старателите како неа кои не сакаат да се вакцинираат со оглед на тоа што владата не бара вакцинирање за домашните корисници, како и за посетителите што доаѓаат во домот. Таа додаде дека во иднина можеби ќе биде вакцинирана, но во моментов нема намера.

„Едноставно не можам да верувам што ни прави владата, не разбирам…“, вели Луиз.
36-годишната од Англија ги претставува животите на 40.000 работници кои работат во старечки домови и ќе останат без работа до 11 ноември бидејќи не сакаат да се вакцинираат.

Ја преплавиле пораки за поддршка и благодарност, истакна Луиз.

„Убаво е да знам дека не сум сама, дека има други луѓе во мојата кожа“, рече таа.

Посакувам да имавме нешто многу поубаво заедно“, заклучила таа.

Извор:24sata.hr

Фото: Скриншот тик ток


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1