ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/7/21 5:14 PM

14 починати во денешната ковид статистика, нови 454 заразени

Во последниве 24 часа се регистрирани 454 нови случаи на КОВИД-19, од направени  3.019 тестирања. Оздравени се 236 пациенти, а починале 14 лица.
Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи, во Скопје се 187, Битола 37, Прилеп 32, Куманово 30, Штип 29, Кавадарци 25, Велес и Тетово по 17, Охрид 12, Кочани и Пробиштип по 9, Крива Паланка и Ресен по 7, Неготино 5, Свети Николе 4, Богданци, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Струга и Струмица по 3, Берово и Кичево по 2, Виница, Гостивар, Дојран, Македонски Брод и Пехчево по 1.
Регистрирани сe 236 оздравени пациент од: Скопје 98, Куманово 23, Штип 17, Велес 16, Кавадарци 14, Битола 12, Прилеп 10, Радовиш 7, Кочани и Пробиштип по 6 , Ресен и Берово по 4, Свети Николе, Струмица, Делчево, Демир Хисар, Виница, Пехчево и Кратово по 2, Гевгелија, Богданци, Кичево, Гостивар и  Крушево по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица – шест починати лица од Скопје (52г, 53г, 66г, 77г , 80г и 87г), 2 починати лица од Велес (57г и 85г),  и по едно починато лице од Кочани (62г), Битола (71г), Куманово (73г), Струмица (73г), Кратово (77г), и Кавадарци (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје, на возраст од 76 години, во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, бројот на оздравени пациенти е 190.806, на починати е 7.232, а бројот на активни случаи изнесува 8.039.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1