ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/7/21 1:25 PM

Најдоцна до 14.30 часот утре ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата, најави Мицкоски

До 14 и 30 утре ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата  до Парламентот понатаму оставаме на претседателот на Парламентот да се испочитуваат сите рокови и процедури, изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како одговор на новинарско прашање.

-Ќе ја отпочнеме процедурата за гласање на недоверба на владата на Зоран Заев, откако претходно не си го исполни свеоето ветување да си даде неотповиклива оставка, истакна Мицкоски.

Во однос на изјавата пренесена во медиумите на пратеникот Скенер Реџепи од Алтернатива, дека е против новото мнозинство и не сака соработка со Левица, Мицкоски рече дека демант на ова ќе биде утрешната иниијатива до Парламентот на која има потпис од Реџепи.

„Јас го немам слушано пратеникот Скендер Реџепи, јас верувам во неговата чесност и честитост, имав можност да слушнам една негова друга изјава дека оваа корумпирана Влада на СДСМ и ДУИ треба што поскоро да замине. Неговиот потпис стои на иницијативата за гласање на недоверба на оваа корупирана и криминална владата предводена од Зоран Заев“, рече Мицкоски.

Г.Д

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1