ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/7/21 12:52 PM

Едноставен трик што ќе ги врати во живот вашите собни цвеќиња

Одгледувањето домашни растенија е секогаш возбудливо со оглед на придобивките што тоа би ги донело за вас и вашата околина. Меѓутоа, кога ќе се појават предизвици кои влијаат на напредокот и цветањето на домашното растение, може да изгледа дека напорите биле залудни.

За ова може да придонесат мали нешта како премалку наводнување, премногу полевање, „стоење“ на провев, па дури и престој до радијаторот – но најлоши се малите мувички кои често се „лепат“ за растенијата.

За среќа, постои едноставен трик кој ви овозможува брзо да се ослободите од малите мушички во саксии, а се што ви треба се неколку обични кибритчиња.

Едноставно заглавете ги нивните глави во земја на растојание од пет сантиметри од работ на саксијата и наводнете ги цвеќињата. По два дена заменете ги кибритите со нови, а по уште два дена мушичките ќе исчезнат.

На овој начин ќе ги спасите вашите растенија и нема да морате да ги „поливате“ со разни хемикалии. Поради фосфорот и сулфурот, кои ги содржат кибритчињата, почвата во која се наоѓа растението ќе остане здрава, а непоканетите гости ќе се разотидат.

Преземено од: https://pink.rs/
Фотографија: PIXABAY.COM


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1