ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/6/21 10:18 PM

Судот во САД одлучи: Суспендирана обврската за вакцинација што ја бара Џо Бајден за компаниите

Американскиот федерален апелационен суд ја суспендираше обврската за вакцинација наметната од претседателот Џо Бајден на вработените во компаниите со повеќе од 100 луѓе, велејќи дека е потребно повеќе време за да се анализираат можните „сериозни уставни и процедурални проблеми“.

Мерката на американскиот претседател налага десетици милиони вработени да се вакцинираат против Ковид-19 до 4 јануари, во спротивно ќе мора редовно да се тестираат.

Мерката беше објавена во средината на септември, а беше усвоена оваа недела. Но, веднаш беше испратена на проценка до судовите, меѓу другите во Тексас, каде што владеат републиканци кои се противат на каква било обврска да се вакцинираат во борбата против пандемијата.

Во одлуката, Апелациониот суд во Тексас пресуди дека жалителите дале аргументи „според кои може да има сериозен уставен и процедурален проблем“ со владиниот текст.

Поради тоа одлуката беше суспендирана до детална правна анализа.

Извор: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1