ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/6/21 7:52 PM

Невестите не носат веќе само бела венчаница – Венчални фустани во разни бои станаа хит

Новата боја во венчаниците, која ја замени традиционалната бела, стана вистински хит во 2021 година, пренесува Fox News. Експертите ја припишуваат нејзината растечка популарност на пандемијата на коронавирус.
Лора МекКивер, специјалист за односи со јавноста во производителот на венчаници David’s Bridal, рече дека побарувачката за црни фустани на веб-страницата на компанијата е зголемена за 3,7 пати во споредба со 2020 година.
“Невестите бараат алтернативни модни решенија за нивниот изглед, бидејќи нетрадиционалните трендови станаа актуелни за време на пандемијата. Покрај црните раскошни фустани, клиентите често нарачуваат комбинезони или кратки фустани во различни бои”, објаснува специјалистот за односи со јавноста.

Фото: http://blackweddingdressku.blogspot.com/

Црните венчаници се појавија во палетата на многу брендови како Maggie Sottero, Leanne Marshall, Galia Lahav и Marchessa.

Првиот дизајнер кој ја напушти традиционалната бела боја и вклучи црни венчаници во своите колекции во 2012 и 2019 година е познатата Американка Вера Ванг. Во интервју за магазинот Harper’s Bazaar, таа изјави дека во тоа време била критикувана од клиентите кои нејзините црни фустани ги сметале за „депресивни“.
“Но, јас не мислам така – тие се секси. Не е изненадувачки што невестите се согласија на ова”, рече Ванг.

Извор: јената.блитз.бг


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1