ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/6/21 3:09 PM

Ја загуби битката со рак на панкреасот – Почина популарниот фолк пејач Маринко Роквиќ

Почина популарниот фолк пејач Маринко Роквиќ (68) по тешко боледување во Белград.  Информацијата за неговата смрт преку соопштение ја потврди и неговото семејство.

Пејачот ја загуби борба со ракот на панкреасот, соопшти семејството Роквиќ.

– Со голема тага ја информираме јавноста дека нашиот сакан сопруг, брат, татко и дедо Маринко Роквиќ утрово почина по тешка борба со ракот на панкреасот.  Во овој исклучително тежок момент семејството ве моли да ја почитувате нејзината приватност. Деталите за датумот на погребот ќе бидат објавени подоцна, се вели во информацијата.

Маринко имаше кариера која траеше 40 години во која испеа многу хитови, меѓу кои некои ќе останат запаметени како евергрини на српската фолк музика, како што се  „Скитница“, „Да волим другу не могу“, „Ти за љубав ниси роѓена“…


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1