ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/6/21 11:18 AM

(Видео) Тажно! Имаше само 26 години и синче од две години – Загина познатата бразилска пејачка Мариља Мендоса

Бразилската поп ѕвезда Мариља Мендонса (26) загина со уште четири лица во авионска несреќа додека одела на концерт кој требало да го одржи. Нејзиниот тим првично објави дека Мариља ја преживеала несреќата, но потоа стигна страшната вест – дека нема преживеани во авионската несреќа.

Заедно со неа загинаа и нејзиниот вујко, продуцентот и двајца членови на екипажот.

Мариља беше добитничка на Латино Греми, а имаше речиси 40 милиони следбеници на Инстаграм со 22 милиони претплатници на каналот Јутјуб. Мариља била мајка на двегодишно момче.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1