ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/21 10:39 PM

Нова Влада или брзи избори, сите опции се во игра, рече Мицковски по најавата за новото парламентарно мнозинство

-Сите опции се отврени, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски вечерева пред  Собранието на новинарите по највата дека е обезбедено ново парламентарно мнозинство.

-Мнозинство кое што ќе гарантира дека оваа Влада предводена од СДСМ е  минато. Ја очекуваме оставката на Зоран Заев, која ја најави, а доколку тоа не се случи ќе поднесеме поставка со која ќе се изгласа недоверба на оваа Влада која ја предводи Заев и СДСМ. Очекуваме да ја поднесе оставката, а за сите детали понатаму ќе биде јавноста благовремено информирана. Оваа средба денес  беше за да излеземе пред јавноста да кажеме дека постои мнозинство во Парламентот, кое доколку Заев не ја поднесе оставката ќе изгласа недоверба на неговата Влада, рече Мицовски, а на прашањето кога тој додаде:

-Утре е сабота, не знам дали службите работат. Да почекаме утре, задуте, понеделник,  не знам како функционира Парламентот, никогаш не сум бил пратеник. Но, еве ако ја достави утре оставката мислам дека понатаму има законски, процедурални рокови и уставни одредби, има 10тина дена претседателот да го даде мандатот, па потоа 20тина дена преговири и така натаму. Очекувам дека во периодот што следи да се обидеме да создадеме ново владино мнозинство, рече тој.

На новинарско прашање дали ова значи нова Влада без избори?

-Сите опции се во игра. Јас веќе спомнав дека има две опции.  Едната е да се укрупни опозицијата и да има ново мнозинство кое ќе изгласа недоверба на Владата доколку Заев повторно тактизира со оставката. И второто е да одиме на брзи предвремени парламентарни избори. И двете опции се во игра. Ова е мнозинство со кое се гарантира дека оваа Влада е минато, за се останато треба да седнеме да разговараме, за  фузијата, за стратегијата понатаму, рече тој.

Мицковски беше прашан и дали мисли дега се потребни избори или нова стабилна власт?

-Има две опции. Едната е ново парламентарно мнозинство која ќе избере политичка влада која што ќе продолжи со реформскиот процес, со борбата против криминалот и корупцијата, кое претставува основен пробме во Макеоднија.  Влада која ќе имплементира реформи во здравството и образованието, Влада која ќе ја однесе државата во ЕУ. И втората опција е, ако не успееме нормално да формираме такво мнозинство, да имаме брзи парламентарни избори, рече Мицковски.

На прашањето дали новото парламентарно мнозинстов разговарало за мандатар Мицковкси рече:

-Не, не, тоа што разговаравме ви го кажав, рече тој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1