ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/21 4:42 PM

„Со месеци се борам со бактерија“ – Пејачот Маринко Роквиќ прозборел за својата здравствена состојба

Пејачот Маринко Роквиќ успешно ја прележа заразата со коронавирусот, но за жал веќе извесно време има уште еден здравствен проблем. Пејачот се бори со бактерија која му го нападнала телото и поради која едвај зборува.
– Ја надминав короната, добро се снајдов, немав тешки симптоми. Кој знае кога ќе помине овој вирус, никој не знае, па ни јас. Сепак, по короната се појавија некои бактерии кои го нападнаа моето тело. Нема шанси да помине, со месеци се борам со неа. Се надевам дека сега работите ќе се подобрат малку – изјави Маринко Роквиќ за Република.рс.
Неговото семејство е постојано со него, а се огласи и синот Никола Роквиќ кој откри во каква состојба е неговиот татко.
– Не знам што да ти кажам, искрено. Слушнавте од него, на човекот не му е добро, ми е непријатно. Сега не е корона во прашање, готово е со неа. Ма, тој ќе биде добро, изјавил Никола, кој на својот Инстаграм профил ја споделил фотографијата на својот татко од едни минати времиња и напишал:

-Снеговите бели повторно вејат, која реченица претставува дел од стих на песна на Маринко.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1