ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/6/21 10:01 AM

Не се умира од ковид, туку од последиците, тие се најопасни – Кардиологот Хаџитановиќ советува како да ги сочувате срцето и белите дробови

Новата корона последните два налети не се однесуваше исклучиво како респираторен вирус, а има се повеќе случаи со многу тешки срцеви проблеми. Сето ова му дава на овој вирус карактеристики на кардиоваскуларна инфекција, слична на вирусот Коксаки, кој го напаѓа срцевиот мускул кај луѓето. Исто така, му се припишуваат некои невролошки карактеристики, па што се однесува до категоризацијата на вирусот Ковид 19, се уште сме далеку од тоа што тој вирус може да му направи на нашиот организам, особено со појавата на нови, мутирани соеви.

Кај младите луѓе заразени со корона, се позачестена е тромбозата и срцето нападнато од вирусот станува маса без сила. Затоа е исклучително важно да се зајакне отпорноста на организмот и тоа можеме да го направиме на неколку начини, бидејќи овде не умираме од короната, туку од последиците, вели кардиологот проф. д-р Вишеслав Хаџитановиќ.

„Суштината не е кога некој ќе те нападне да бегаш, затоа што нема да избегаш. Суштината на одбранбените сили е како телото ќе реагира кога вирусот ќе го нападне. Ако телото е оштетено, имате астма, бронхитис, дијабетес , ревматски заболувања или срцева слабост, кои веќе го ослабуваат организмот, ние лекарите имаме голем проблем да го одбраниме организмот“, вели д-р Хаџитановиќ.

Тој објаснува и дека не се умира од вирусот, туку од последиците, кога ќе откажат белите дробови или срцето.

Белите дробови се нападнати и во зависност од тоа колкав процент од белите дробови се зафатени, зависи од тоа дали ќе преживеете како и дали срцето е доволно силно да го издржи тоа.

Главна превенција за сите вируси и болести е физичката активност. Никогаш не е доцна да се тренира телото. Вежбите може да се прават и во кревет. Можете да ги кревате нозете, рацете… Вежбајте најмалку две минути секој ден или пешачете најмалку половина час. Кога имате добра аерација на белите дробови, вирусот нема така лесно да ги победи тие бели дробови“.

Покрај активностите, добар сојузник во борбата против Ковид 19 е, како што советува кардиологот, витаминот Ц од 1000 мг на ден, витаминот Д3, како и 100 мг аспирин кој спречува тромбоза и згрутчување.

Извор: Стил.курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1