ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/21 11:34 AM

Извршил над 80 сексуални чинови врз мртви тела – Уапсен убиец и некрофил во Англија

Електричар во болница поминал 30 години вршејќи сексуални чинови над 80 мртви тела во мртовечница откако убил две жени во 1987 година во напади од сексуална природа.

Дејвид Фулер (67) во опкружувањето бил само безопасен чудак кој опсесивно собирал работи во својот дом во Хејстингс во Англија, но тој водел двоен живот.

Фулер водел детален дневник за своите сексуални активности скриен во домот кој го делел со сопругата.

Тој е конечно разоткриен лани и сите негови злосторства. Фулер уште работел за болницата „Мејдстоун и Тунбриџ“ кога го уапсиле детективите кои ги истражувале убиствата на Венди Нел и Керолајн Пирс.

Тоа биле првите жени кои Фулер сексуално ги нападнал откако ги убил. Полицијата немала поим какви ужаси ќе открие истрагата. Во куќата биле најдени хард дискови и слики кои покажуваат дека вршел „сексуална пенетрација на женски трупови“, како и дневник со датуми кога и над кого биле извршени злосторствата.

Полицијата смета дека бројот на жртви може да биде и поголем во неговата кариера. Најмладиот леш кој го сквернавел имал само девет, а најстариот 100 години.

На крајот ДНК доказ го поврзал со злосторствата и истражителите веруваат дека ако не бил идентификуван како убиец на двете жени, Фулер ќе продолжел со кривичното дело. Телесните течности кои ги оставил на јорганот на Нел и на хулахопките на Пирс соодвествувале со ДНК која полицијата ја имала во својата база од еден од неговите браќа.

извор: Mondo, Daily Mail

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1