ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/21 11:20 AM

Законот за конфискација и потекло на имот ќе претрпи законски измени за да се надминат практични проблеми, вели Маричиќ

За Конфискацијата и потеклото на имот, министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека правосудниот систем има механизми и во Кривичниот законик и во други закони за конфискација и има пресуди со кои се конфискува имот, меѓутоа вели Маричиќ постојат многу практични проблеми кои при имплементацијата на конфискацијата ја попречуваат.

„Имаме ситуации во кои што имот кој што е предмет на конфискација веќе претходно бил предмет под хипотека и тоа не се едноставни прашања за правниот систем да ги реши бидејќи имаат сериозни последици во една или друга насока. Дел од тие работи се решени и има државата регистрирано конфискации, меѓутоа заплена на нелегално стекнат имот меѓутоа постојат проблеми кои ќе мора да се решат или со законски измени или пак со толкување на судот“, истакна Маричиќ на денешната прес конференција.

Тој рече дека Законот за потекло на имот исто така има за цел да го забрза процесот и да овозможи секој имот кој што нема да може се докаже е над одредена граница или праг да може во олеснета постапка да биде земено од државата и кој што не е оданочен.

„Ова се инструменти за кои се подготвуваат и законски измени  и верувам дека во нареднјот период ќе можеме да ги донесеме затоа што се многу важни за да ситемот на борба против корупција функционира. Доколку ние немаме како можност да го конфискуваме имотот како држава имотот стекнат на нелегален начин тогаш навистина системот за борба против корупција е под прашање бидејќи ќе се исплати корупцијата без разлика на пресудите“, изјави Маричиќ.

Во Собранието има голем број на сет на закони кои што беа подолго време блокирани од страна на опозицијата, вели министерот, и дел од нив се со европско знаме. Верувам дека по расчитувањето на оваа ситуација поврзана со продолжувањето и во која форма на парламентарното мнозиство и Владата ќе биде се појасно.

„Инаку тие се во собраниска процедура и би требало да поминат бидејќи имаат мнозинска поддршка, инаку не би го поминале првиот филтер и би оделе понатаму. Тие се важни законски прокети Кривичен законик, Закон за парнична постапка кои се значаен дел од реформите во правосудтвото“, изјави Маричиќ.

Во однос на должината на судските процеси, интенцијата со некои од овие два законски измени, на пример законот за парнична постапка е да се ограничи на можноста за повторување на некои постапки, вели Маричиќ.

„Исто така прашањето за дигитализација е поврзано со тоа како поефикасно и без бескрајни повторувања да се држат рочиштата и да има исход во судските постапки но истотака и таму каде што има зло намера на некој судија или некои од странките, мислам дека постојат и механизам а имаме и такви случаи каде што некои судии кои се разрешени заради намерно застарување на постапките, тоа е причина за оценка за непрофесионално и нестручно постапување“, изјави Маричиќ.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1