ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/21 10:34 AM

Бугарија е обврзана да ги спроведува пресудите на Европскиот суд во Стразбур за македонското малцинство, вели Спано

„Секоја земја членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на судот. Од голем број пресуди, судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на судот во духот на Конвенцијата. Таа одлука е јасна, тоа е општата изјава што би сакал да ја дадам по тоа прашање меѓутоа не е моја улога, јас да дадам коментар на конкретни, поединечни чувствителни прашања меѓу две земји во однос на спроведувањето и одредени видови пресуди“, одговори на новинарско прашање претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано, а прашањето се однесуваше на Бугарија која има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур кои што се однесуваат на прекршување на човекови права за македонските малцинства во Бугарија.

На новинарското прашање дека од Македонија постојат тужби до Стразбур за прекршување на правото на притворениците во Стразбур, меѓу нив е и Јордан Камчев, до каде е одлучувањето околу овие тужби, Спано истакна дека не е во позиција да разговара за случајот кој сеуште е во тек. О

„Судот и неговиот регистар обезбедуваат податоци за тоа до каде е самиот процес и тоа не е информација што можам да ја дадам на прес конференција, тоа е нешто што може да се добие врз основа на барање до регистарот“, рече Спано.

На прашањето колку случи има од Македонија до Европскиот суд за дискриминација по основ на етичка или било каква расна основа, и дали воопшто постојат такви жалби до судот за човекови права против Македонија, Спано истакна дека има точно 300 предмети кои се во тек, но за РСМ го немам точниот податок. Потенцираше дека подтоците може да се обезбедат, по пресконференцијата бидејќи тој ќе мора да поразговара со колегите од регистерот.

Инаку денеска прес-конференција пред почетокот на регионалната конференција на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“ одржаа министерот за правда Бојан Маричиќ, претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано и програмскиот директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот, Билјана Брајтвејт.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1