ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/21 8:27 AM

Сончево и топло со максимални 23 степени

Денеска сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има слаба магла и значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1