ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 9:35 PM

„Подобро да го плаќа во пире од компири“ – Популарниот Салт Бае има неверојатен оглас за работа за готвачи

Откако неодамна беше објавено дека гостите во лондонскиот ресторан на готвачот Нусрет Гокче, попознат како Салт Бае, платиле 1.450 фунти или околу 1.700 евра за специјалитетот „Golden Giant Tomahawk“, од истото место стигнува вест дека се бара готвач.

Салт Бае во огласот навел дека на готвачот ќе му се плаќа 12 фунти или околу 14 евра на час, плус бакшиш. Таа саатница сепак е еднаква на цената на пире или слатка пченка во споменатиот ресторан.

Во огласот понатаму се наведува дека „ресторанот нуди многу конкурентна плата и одлични можности за глобален развој на кариерата“.

Рекламата набрзо се појавила на Твитер, а луѓето коментирале поинаку. Некои мислат дека тоа е солидна заработка, бидејќи „бакшишот секако е добар“, додека други велат дека ресторанот претерува со цените и дека можеле да им дадат повеќе пари на своите работници.

Еден од коментарите гласеше: „Подобро готвачот да биде платен во пире“, а другиот: „Кога ќе наплаќа толку храна, можеше да му даде поголема плата на готвачот“. Исто така, заклучокот на еден корисник на Твитер е дека „поевтино е да се патува со авион во Турција и да се јаде во ресторанот „Салт Бае“ таму отколку да се посети неговиот ресторан во Лондон“.

Овој готвач, пак, на Инстаграм го следат дури 38 милиони луѓе, а моментално има 17 ресторани.

Салт Бае и неговиот необичен стил на солење месо, инаку, беше вирален хит во јануари 2017 година. Благодарение на тоа видео, турскиот месар и готвач преку ноќ станаа планетарно популарни.

Извор: Бизнис.телеграф.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1