ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 3:25 PM

Штипјани го дочекаа првиот слој асфалт на улицата „Панче Караѓозов“

По првичната радост дека по цели 40 години ќе им се реконструира улицата и откако половина година одеа по раскопана улица, жителите на штипската улица „Панче Караѓозов“ денеска конечно го дочекаа и првиот слој асфалт.

По координации и состаноци меѓу фирмата изведувач и новиот штипски градоначалник Иван Јорданов, механизацијата од денеска е на терен и започна со градежните работи.

Иако самата реконструкција на улицата е со државни средства преку Министерството за транспорт, тротоарите и реконструкцијата на атмосферскиот канал кој ќе чини два милиони денари, Јорданов вели ќе се прават со пари од општината.

– Во текот на наредниот период ќе следи и довршување, односно поставување на водоводни приклучоци и асфалт и на улицата „Личка”, рече Јорданов.

Од СДСМ денешната прес-конференција на Јорданов на улицата ја нарекоа трагикомична. Според нив проектот го започнале тие, го координира Министерството за транспорт и врски, а на Јорданов му останало само да се слика со улицата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1