ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 3:03 PM

Специјален автобус за спиење во Хонг Конг, билетот чини од 13 до 51 долар

Посебна линија долга 75 километри сообраќа со двокатен автобус, за кој патниците купуваат билет само за малку да спијат. Иако изгледа чудно, на многумина им е и корисно, бидејќи се сигурни дека безбедно ќе заспијат со клацкањето на автобусот.
Идејата за започнување на тура за спиење потекнува од маркетинг менаџерот на автобуската компанија во Хонг Конг „Улу Травел“, Кенет Конг, кому пријател му се пожалил дека има проблеми со спиењето.
– Кога планиравме нови турнеи, на социјалните мрежи видов порака од мојот пријател дека не може да спие поради стресот на работа, но дека може без проблем да заспие кога патува со автобус. Тој не инспирираше да ја организираме оваа турнеја – изјави Конг.

Турата за спиење не е бесплатна, а цената на билетот се движи од 13 до 51 долар, во зависност од видот на седиштето во автобусот. Постојат четири различни типови на „кабини“, вклучувајќи деловни и економични кабини со пригушен звук, кабини со продолжен простор за нозете и оние со панорамски поглед на подот.
За време на возењето во сон, патниците добиваат и бесплатен подарок-сет за дремка – маска за очи и чепчиња за уши.

Извор и фото: informer.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1