ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 3:00 PM

Од вкупниот број на активни случаи со Ковид 19 во Штип, 13,5 % се ученици

Во моментов во Штип има 311 активни случаи на инфицирани пациенти со Ковид 19. Според информациите од Центарот за јавно здравје Штип, 42 од заболените се ученици или тоа се 13,5%. од вкупниот број на заболени. Од инфицираните ученици , 17 се од основно, а 25 од средно образование.

Според анализата направена по возраст на заболените ковид пациенти, до 9 години, регистрирани се 7 инфицирани пациенти (2%), 10-19 години – 35 (11%), 20-29 години = 25 (8%), 30-39 години = 36 (12%), 40-49 години = 43 (14%),  50-59 години = 47 (15%) над 60 години = 119 инфицирани пациенти (38%)

Во однос на скринингот на ученици во основните и средните училишта во општина Штип, тестирани се 144 ученика.

Кај ниту еден ученик и во основните и во средните училишта не е утврден позитивен тест на ковид 19. Во Основните училишта се теститани 82 ученика  а во средните 71 ученик.

Во општините Карбинци, Радовиш и Пробиштип направен е скрининг на 111 ученика.

Во општина Карбинци во ООУ „Страшо Пинџур“ тестирани се 9 ученика од кои сите се со негативен ковид тест.

Во Радовиш од тестирани 52 ученика сите се негативни на ковид-19, а во Пробиштип од тестирани 50 ученика 49 се негативни, а 1 е позитивен при што е постапено согласно протоколот од страна на епидемиолошката служба.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1