ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 1:55 PM

Објавена нова корона – карта – Каде е безбедно за патување?!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) објави нова мапа на која е прикажана моменталната епидемиолошка состојба во земјите на ЕУ.

Словенија со недели е темно црвена и секој ден потврдува се повеќе заразени лица.

Балтичките земји и Ирска, Романија и Бугарија останаа темноцрвени, Германија и Полска беа главно во црвено со делови од темноцрвена боја, а епидемиолошката состојба се влоши во Австрија, Чешка и Словачка.

Франција и Португалија се целосно портокалови, а епидемиолошката состојба е најповолна во Италија која има и зелени делови.

Скандинавските земји се во црвено, а Шведска, која минатата недела беше целосно портокалова, сега е речиси целосно црвена и само нејзиниот централен дел остана портокалов.

ЕЦДЦ секој четврток објавува нова карта на состојбата со пандемијата во земјите на ЕУ.

Црвеното значи дека бројот на активни случаи во последните две недели е меѓу 75 и 200, а уделот на позитивни тестови за ковид-19 е четири проценти или повеќе, и дека вкупниот број на случаи во 14 дена е поголем од 200, но помалку од 500.

Темно црвени се оние кои имаат вкупно 500 или повеќе активни случаи за 14 дена. Бројките се следат во однос на 100.000 жители.

Презмено од: https://www.b92.net/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1