ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/6/21 1:55 PM

Необични симптоми кои укажуваат на рак на дојка: Доктор предупреди на што да внимавате

Октомври се одбележува како месец посветен на борбата против ракот на дојка, но иако е зад нас, останува фактот дека не треба да заборавиме да направиме самопреглед и да знаеме на што треба да внимаваме во текот на целата година. Розовата панделка се носи во текот на целата година, во знак на солидарност со милионите луѓе ширум светот заболени од рак на дојка, кој и понатаму е најчестото малигно заболување кај децата.

Иако одамна лекарите предупредуваат да внимаваме на „грутките“ постојат и други, необични симптоми чие препознавање може да биде клучно во раното откривање на ракот на дојка. Благодарение на д-р Каран Рај, овие информации ни се достапни бидејќи овој доктор на ТикТок ја истакна важноста на свеста за знаците на болеста, со оглед на тоа дека раното воочување може  значајно да ги зголеми шансите за преживување.

„Ракот на дојка не е секогаш грутка, а ова се неколку необични симптоми на кои треба да обрнете внимание“, објасни д-р Рак на ТикТок каде што го следат над 4 милиони луѓе.

Брчкање или владбнување на кожата

Промените во кожата се појавуваат вообичаено поради грутката во дојката која всушност кожата ја повлекува кон внатре, нагласува д-р рај.

Кожа како кора од портокал

Ако кожата околу вашите гради наликува на кора од портокал, тоа може да биде затоа што малигните клетки ги блокираат лимфните каналичиња во кожата – открива докторот.

Нагли промени во изгледот на брадавиците или исцедок

Ако забележите какви било промени на брадавицата, како исцедок, би требало да побарате мислење од стручно лице – советува докторот. Со овие помалку вообичаени симптоми, исто така е важно да се провери дали постојат нови грутки или подрачје на задебелено тквио, промена во величината или обликот на важите гради или оток под пазувите.

Најдобро е да ги „запознаете“ своите гради со самопреглед бидејќи во различни периоди од вашиот живот тие може да изгледаат различно. Д-р рај нагласува дека доколку забележите нешто необично или едноставно имате сомнеж, најдобро е секогаш што обргу да се обратите кај својот матичен лекар – пишува Women’s Health.

 

Извор:  mondo.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1