ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 12:45 PM

Со него се третираат ковид пациенти, но не е магичен лек: Д-р Радан Стојановиќ со објаснување за ивермектинот

Фармакологот и професор на Медицинскиот факултет во Белград објасни се за инвермектинот – лек за кој многумина тврдат дека помага во лечењето од ковид.

Пандемијата со коронавирусот го актуелизираше лекот ивермектин, кој пред се’ се користи за лекување на животни, но многумина веруваат дека може да помогне и во превенцијата и во лекувањето од ковид-19.

Повеќе за овој лек и како дојде до тоа за него воопшто да се зборува како за нешто кое лечи од корона, во емисијата Уранак на К1 зборуваше фармакологот и професор на Медицинскиот факултет во Белград, проф. д-р Радан Стојановиќ.

„Прва работа, ивермектинот се применува во ветеринарната и во хуманата медицина. Во хуманата се применува системски и локално. Системски значи дека кога пациентот го пие, се применува за лекување на различни параитски зболувања. Локално во облик на крема се користи за лекување на одредени кожни заболувања, како што е розацеа. Пандемијата со коронавирусот ја дочекавме неспремни кога се во прашање антивирусните лекови и тогаш се одлучивме за стратегија на пренамена, лекови за кои знаеме дека делуваат на некои други вирусни болести се обидовме да ги примениме и кај пациенти заболени од ковид“, истакна д-р Стојановиќ

Според него, кога е ивермектинот во прашање, забележано е дека има одредени фармаколошки својства, дека може да го потисне воспалението, да ја намали синтезата на инферлеукин 6, кој игра улога во патогенезата на болеста и овие интересни фармаколошки својства плус 50 години искуство во лекувањето на паразитски инфекции, лесната примена на пациентите, плус ниските трошоци придонесоа за зголемен интерес за него како можен кандидат за превенција и третман на ковид.

На основа на сето тоа прво се почна со лабараториски испитувања, а тие резултати беа охрабрувачки – објасни тој.

„Може да се сумираат сите досегашни сознанија – некои од нив говорат дека ивермектинот предизвикува корисни ефекти, други дека не води кон никакви корисни ефекти, дека може кај одредени пациенти да предизвика и штетни ефекти. На основа на тоа СЗО и Европската агенција за лекови рекоа дека нема доволно докази за да ја препорачаат примената на ивермектинот во превенцијата и терапијата за ковид, освен во клинички испитувања“, изјави д-р Стојановиќ.

Тој истакна дека во Велика Британија и Америка се спроведуваат истражувања за овој лек но во меѓувреме „не смееме да дозволиме ивермектинот да стане магичен лек, туку да ги почекаме резултатите од клиничките испитувања кои ќе го стават ивермектинот на она место каде што припаѓа“.

 

Извор: mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1