ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 12:20 PM

ФАО: Храната во светот поскапе за над 30 отсто, цените скокнаа на нов десетгодишен максимум

Цените на храната во светот во октомври, трет месец по ред, бележат раст и се искачија на нов десетгодишен максимум, повторно предводени од растот на цените на житарките и растителните масла, објави денеска Агенцијата за храна на Обединети нации.
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги следи најтргуваните меѓународни цени на храната во светот, во просек изнесуваше 133,2 поени минатиот месец, во споредба со ревидираните 129,2 за септември.
Бројката во септември претходно беше 130,0.
Порастот на цените на храната во октомври е највисок индекс од јули 2011 година. На годишна основа во октомври индексот се зголеми за 31,3 проценти.
Цените на земјоделските производи драстично пораснаа минатата година, поттикнати од доцнењето на жетвата и зголемената побарувачка.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1