ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 10:37 AM

(Фото) Собрав храброст да раскажам работи што не се кажани – Кире Лазаров ја промовираше автобиографијата „Секогаш на победа“

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров ја промовираше автобиографијата „Секогаш на победа“ во хотелот „Александар Палас“ и стана првиот македонски спортист кој искрено напишал книга за себе.

Во книгата има многу работи кои за кои луѓето досега не слушнале или не знаат, а зад се што е напишано стои Кире Лазаров.

– Задоволство ми е што ве гледам во толкав број. Сум имал трема на натпреварите, но сега е поголема затоа што сум прв македонски спортист кој решил искрено и со многу страст да напише автобиографија. Треба да имате храброт и многу сила да ги кажете некои работи што не се кажани. Сите Македонци наат многуи за мене, но во книгата ќе прочитате многу повеќе. Работевме 7-8 месеци со новинарот Жика Богдановиќ, но во ниту еден момент не се премислив да сменам нешто суштински во книгата. Сигурен сум во себе и стојам ад сето она што ќе го прочитате – истакна Лазаров.

На промоцијата Кире го собра ракометниот крем во Македонија. Присутни беа првиот човек на РФМ и на АД Алкалоид, Живко Мукаетов, ракометните легенди Индира Кастратовиќ, Пепи Манасков, тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ и многу актуелни и поранешни македонски репрезентативци.

Книгата следниот месец ќе биде достапна на српски јазик, а во текот на наредната година е предвидено да се преведе и на англиски.

Тренерот на РК Вардар, Веселин Вујовиќ
Кире Лазаров со пејачката Каролина Гочева
Кире Лазаров со пијанистот Симон Трпчевски
Кирил Лазаров со мајка му
Индира и Зоран Кастратовиќ со Веселин Вујовиќ

 

О.К.

 

Фото: Вангел Тануровски

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1