ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 10:15 AM

Со помош на цвеќиња ќе овозможите влажност на воздух во вашиот дом

Сувиот воздух во домот, особено во спалната соба, може да биде причина за респираторни проблеми, предупредуваат експертите.

Затнат нос, сува уста, болно грло, сува кашлица – сето тоа се последиците од премногу сув воздух. Ова најмногу се поврзува со почетокот на грејната сезона. За да имате доволно кислород во станот, обидете се да го навлажнете воздухот на едноставни начини.

Отворете ги прозорците
Колку и да ви изгледаше студено, отворете ги прозорците. Доволно е да ја проветрите куќата десетина минути, а по потреба можете да го освежите воздухот со спрејови кои ќе ги неутрализираат бактериите и ќе внесат свежина.

Како да се одреди влажноста
Постои лесен начин да се одреди влажноста во просторијата. Намокрете чаша вода и ставете ја во фрижидер преку ноќ. Наутро извадете ја чашата од фрижидер и набљудувајте ја нејзината површина. Ако стаклото се исуши за пет минути, тоа значи дека воздухот во просторијата е сув. Ако од стаклото течат капки вода, тоа значи дека влажноста во просторијата е висока.

Поставете навлажнувач
Ако се одлучите за оваа варијанта, важно е да го поставите навлажнувачот на таков начин што ќе обезбеди доволен проток на воздух околу уредот. Идеално би било да го поставите на место каде што е просечната температура на воздухот. На радијаторот можете да закачите керамички сад со вода, кој ќе го навлажнува воздухот во текот на денот. Оваа вода треба да се менува секој ден.

Купете домашни растенија
Растенијата во затворен простор помагаат да се одржи влажноста во станот бидејќи влагата испарува низ листовите. Експертите го препорачуваат растението киперус, т.е. водена дланка и колку е поголема дланката, толку повеќе влага ќе испушта во воздухот. Најголемите растенија можат да испуштаат до два литра вода дневно.

Преземено од: https://informer.rs/
Фотографија: unsplash.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1