ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 10:02 AM

Белите лавови ќе добијат ново реновирано живеалиште, најавија од Зоолошка

Од Скопската Зоолошка градина – Скопје соопштуваат дека завршено е реновирањето на живеалиштето на нилскиот коњ Буцо, а кровот на внатрешното живеалиште бил целосно реконструиран. Но тука не застануваат, продолжуваат со реновирање на живеалиштата ина другите жители.

„Среќни сме што во наредниот период започнуваме со реновирање на живеалиштето на белите лавови и на овој простор ќе му дадеме нов лик по светски стандарди. Ќе се обновува внатрешниот простор и оградата, но ќе биде поставен и стаклен ѕид преку кој посетителите ќе имаат можност поубаво да ги набљудуваат животните одблиску, а лавовите ќе добијат поголема безбедност и подобри услови за благосостојба“, информираат на Фејсбук од Зоолошката.

Фотогарфии: Фејсбук Зоолошка Градина Скопје


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1