ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 9:56 AM

МЗ: Од денеска пријавување за вакцинација против сезонски грип, набавени 40.000 дози

Министерството за здравство (МЗ) информира дека од денеска преку страницата vakcinacija.mk почнува пријавувањето за вакцинација од сезонски грип и нагласува дека и оваа година набави 40.000 бесплатни дози четиритипни вакцини против сезонски грип за ризичните групи.

Овие вакцинки ќе можат да ги добијат стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

– Поради зголемената побарувачка на вакцини против грип на глобално ниво, се прават напори количините на вакцини да пристигнат во што побрз рок. Нагласуваме дека не е доцна, граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци, оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари-, истакнуваат од Министерството за здравство.

Со пополнување на формата, прецизираат од МЗ, заинтересираните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на СМС ќе добијат информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1