ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/21 8:38 AM

На Вселенскиот патријарх Вартоломеј во болница во Њујорк му е вграден стент

На вселенскиот патријарх Вартоломеј му е ставен стент во болницата „Маунт Синај” во Њујорк, откако се почувствувал лошо за време на неговата посета на САД, пренесоа француските медиуми.

Вселенскиот патријарх денеска ќе биде отпуштен, откако ноќта ја мина во болница на Менхетен, се наведува во соопштението на Грчката православна црква во кое се нагласува дека „поставувањето стент е вообичаена процедура која има за цел да го врати протокот на крв во срцето во затнатите артерии”.

Пред медицинската интервенција Вселенскиот патријарх според програмата на неговата посета се сретна со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс.

Ова беше второ заминување во болица на Вартоломеј за време на неговата посета на САД, бидејќи првично беше примен во болница во Вашингтон, откако се почувствувал лошо по долгиот прекуокеански лет. Неколку часа откако беше пуштен од болницата во Вашингтон, на 25 октомври, Вартоломеј се сретна со претседателот Џо Бајден во Белата куќа.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1