ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/21 10:06 PM

Починаа 12 лица, регистрирани нови 568 случаи со Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа регистрирани се 568 нови случаи на КОВИД-19, од направени 3.594 тестирања, оздравени се 293 пациенти и регистрирани се 12 починати лица.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Скопје – 230, Куманово – 44, Битола – 39, Прилеп – 29, Кавадарци – 27, Штип – 6, Велес – 19, Кочани – 18, Тетово – 16, Делчево – 13, Кичево – 12, Гевгелија – 11, Охрид и Струмица – по 10, Неготино и Крива Паланка – по 9, Свети Николе– 7, Берово – 6, Богданци – 5, Гостивар, Ресен и Кратово – по 4, Радовиш, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево и Демир Хисар – по 2, Валандово, Македонски Брод, и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 293 оздравени пациент од: Скопје – 173, Куманово – 28, Струмица – 11, Велес – 10, Прилеп – 9, Битола и Гевгелија – по 8, Кавадарци и Штип – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци и Пробиштип – по 5, Свети Николе и Кратово – по 4, Кочани – 3, Охрид, Неготино, Радовиш, Валандово и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (44г, 74г, 75г, 82г и 82г), 2 лица од Кавадарци (69г и 87г) и по едно починато лице од Тетово (16г), Неготино (77г), Куманово (79г), Кочани (77г) и Демир Хисар (90г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 14.10.2021 до 31.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Куманово(2), Кичево(1), Делчево(1) и Велес (1) на возраст од 61 до 75 години, од кои 5 се починати во болнички услови ,а 2 се починати во домашни услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1