ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/21 8:10 PM

Повторно колапс на Фејсбук и Инстаграм ширум светот

Корисниците на Инстаграм и Фејсбук од голем број земји денеска повторно се пожалија на големи прекини, јави Интернет страницата Downdetector, која ги следи прекините и неправилностите во работата на популарните интернет мрежи.

Проблеми најчесто пријавуваат корисници од САД, Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Полска, Русија и други земји.

Според Downdetector, проблемите со Инстаграм главно се поврзани со работата на апликацијата, како и поврзувањето со серверот и вчитувањето на страницата. Проблемите на Фејсбук, пак, главно се поврзани со работата на страницата и тешкотиите при најавување на налозите.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1