ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/21 7:45 PM

Девојчето се борело до крај да не ја одведат – Во Авганистан си ги продаваат малолетните ќерки за да ги прехранат семејствата

За да ги прехранат многудетните семејства, многумина во Авганистан се принудени да ги продаваат своите малолетни ќерки.

Децата треба да играат, да одат на училиште и да имаат безгрижно детство, нели?

Можеби, но ако живеете во друг дел од светот, не во Авганистан.

Нивното секојдневие овде е толку ужасно што не можете да го најдете ниту во најлошите хорор приказни.

За да ги прехранат многудетните семејства, многумина се принудени да ги продаваат своите малолетни ќерки на далеку постари „младоженци“.

Си-Ен-Ен неодамна објави потресна репортажа за страдањата на таткото од Авганистан кој ја продаде својата деветгодишна ќерка за невеста на 55-годишен сонародник, кој е опишан како „старец“ поради неговата седа коса и брада. На денот кога Корбан ја однел Парвана, нејзиниот расплакан татко Абдул го молел да не го повредува неговото дете.

“Ова е твојата невеста. Те молам, чувај ја. Сега ти си одговорен за неа, те молам не ја тепај”, низ солзи рекол овој татко, кој подоцна признал дека вината го јадела.

Семејството на девојчето изјавило дека немаат избор и се само едно од многуте сиромашни семејства кои биле принудени да ги продадат своите мали ќерки и предвреме да ги омажат за да преживеат, а сето тоа поради фактот што Авганистан полека тоне во хуманитарна криза.

Парвана и нејзиното семејство живеат во авганистански камп за раселени лица во последните четири години, а досега живееле од хуманитарната помош, работа која им носела околу 3 евра дневно. Но, откако талибанците го презедоа Авганистан во август, економијата на земјата е на работ на колапс, а меѓународната хуманитарна помош е во мирување, а последиците ги погодија семејствата како ова, кои сега не можат да купат основни потреби како храна.

Пред неколку месеци, Абдул беше принуден да ја продаде 12-годишната сестра на Парвана за да му даде шанса на остатокот од семејството да преживее.

Абдул додал дека не можел да спие навечер и дека го јадела вината, како и дека на секој начин се обидувал да ја избегне оваа судбина. Тој тврди дека неуспешно барал работа, и дека позајмувал пари од роднини, а неговата сопруга ги молела другите жители за храна околу кампот, но ништо од тоа не вродило со плод.

„Во семејството сме осуммина. Морам да ја продадам Парвана за да преживеат другите членови“, рече тој, додавајќи дека дури и овој потег ќе му помогне да остане смирен само неколку месеци. Тој ја продал својата ќерка за вкупно 1.600 фунти, што вклучува готовина, овци и земја.

Парвана се надеваше дека ќе успее да го промени мислењето на нејзините родители бидејќи не сака да го напушти семејството, ниту пак сонот да биде учителка кога ќе порасне.

Се плаши дека тој ќе ја претепа и ќе ја натера да прави работи што не сака да ги прави. Но, човекот кој ја купил пристигнал во нивниот дом со уплата минатата недела.

Корбан го послушал барањето на Абдул да не го тепа неговото дете, а потоа ја фатил Парвана за рака и го одвел девојчето од нејзините родители. Парвана се борела до самиот крај – не сакала да излезе низ врата, но на крајот сепак била однесена.

Извор: Србијаданас.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1