ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/21 12:43 PM

Ќе вложи милиони во Канада: Лепа Брена почнува бизнис со сестра и’

Пејачката, Лепа Брена одлучи да започне нов бизнис и тоа со родената сестра која живее во Канада.

Поранешната сопственичка на „Гранд“ одлучи својата работа да ја прошири во Канада, а таа ангажирала и финансиски консултант кој ќе им помага на неа и нејзината сестра во деловните одлуки – пишува Курир.

Во опции влегуваат угостителство, недвижнини или музика.

„Брена и нејзината сестра се вистински тим. Тие две одлично се согласуваат, а Факета е голема поддршка на пејачката. Сега решија и да направат заедничка соработка. Брена има намера да вложи голема сума пари, милиони се во прашање, а за да не погрешат ангажирале и стручњак. Канада е земја во која може одлично да се заработи, а со оглед на тоа дека Факета со семејството последните две децении живее таму и има документи, ќе биде многу полесно нивниот деловен план да се реализира“, вели соговорникот.

Според него, Брена во моментот одмора во Северна Америка.

„На Брена и’ се допаѓа Канада бидејќи е уредена земја. Таа има искуство кога се врашање недвижнините, музиката и угостителството и затоа им е тешко да одлучат на која дејност ќе се посветат. Кога ќе се реализира деловниот план, Брена повеќе ќе биде кај својата сестра отколку во Србија. Факета е исклучително способна жена и овој деловно-приватен предизвик со сестра и таа веднаш се согласи“, тврди извор добро упатен во семејните односи на фамилијата Живоиновиќ.

И самата пејачка во повеќе наврати во медиумите има изјавено дека добро се согласуваат со сестра и’.

„Одлично се согласувам со сестра ми и брат ми. Ние сме мало, но сложно семејство. И Факета е талентирана за музика, но таа никогаш не влезе во музичките води“, изјави Брена за медиумите.

Од друга страна, Факета никогаш не даваше изјави за јавноста, додека нивниот брат Фарук учествуваше во музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“.

Тогаш тој раскажа колку се согласуваат со Брена.

 

Извор:  mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1