ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/21 11:03 AM

Роналдо за Манчестер е исто што и Мајкл Џордан за Чикаго

Запишувајќи се двапати во листата на стрелци на натпреварот против Атланта, португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо синоќа дојде до бројката од рекордни 139 голови во Лигата на шампиони (ЛШ).

Роналдо го спаси Манчестер јунајтед од пораз на гостувањето во Бергамо (2-2), постигнувајќи два гола во судиското продолжение во првото и второто полувреме.

– Кристијано за нас е како Мајкл Џордан за Чикаго булс. Тој е едноставно неверојатен и ако сакате еден играч да му наиде тешка шанса, тогаш тоа е тој. Никој не може да го доведе во прашање карактерот овие играчи. Тие едноставно не се предваат – рече тренерот на Манчестер, Оле Гунар Соксјер за својот тим.

Португалецот со тоа во својот рекорден 180 натпревар стигна до рекордни 139 голови во елитното клупско натпреварување на Стариот континент. Зад него се Лионел Меси со 123 и Роберт Левандовски со 81 голови.

Во низата рекорди, кои ги собори, Роналдо додаде уште еден. Со двата гола во мрежата н а Атланта, португалскиот напаѓач со 36 години и 270 денови стана највозрасниот играч во историјата на Манчестер јунајтед, кој постигнал два гола на еден европски натпревар.

фото: Mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1