ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/21 9:38 AM

(Видео) Сите се молат за неговото здравје – Пејачот Маринко Роквиќ во критична состојба

Пејачот Маринко Роквиќ е во многу лоша состојба, а цела естрада се моли за неговотп здравје и живот. Српските медиуми информираат дека Маринко  имал итна операција на циста во ноември минатата година и корона, која во меѓувреме го погодила, а сега се бори со бактерија која му го нападнала телото и максимално го исцрпува веќе и така нарушената здравствена состојба.
Маринко се бори со тешка инфекција на организмот, а неговите колеги сериозно се загрижени дали ќе закрепне.

– Лично не сум во добри односи со Маринко, но многу ми е жал што слушам дека едвај зборува и дека ситуацијата е критична. Неговото семејство не сака да открива детали, но знам дека се многу исплашени за неговиот живот. Прележа корона, тоа му го ослабна организмот, потоа имаше операција на циста и сега ја има оваа тешка инфекција. Неговата сопруга Славица порано била медицинска сестра, знае како да се грижи за него, знае што да прави, кај кои лекари да оди, но слушам дека и таа е загрижена. Ова никој не го очекуваше – изјавил пејач за Свет кој не сакалда му се споменува името бидејќи не бил во добри односи со Маринко.
Исплашен бил и Халид Бешлиќ, еден од најблиските пријатели на Маринко.

– Со денови не ми се јавува на телефон, не ми одговори ниту на пораката. Му се јавив и на неговиот син Никола, но и тој не ми одговара. Загрижен сум, не знам што се случува – вели Халид за Свет.

Маринко е популарен српски фолк пејач, кој зад себе има богата музичка кариера. Без неговите песни (Скитница“, „Да сакам друга не можам“.., не поминува ниедна веселба. Оттаму и големата загриженост на целата естрада за неговото здравје.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1