ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/3/21 8:48 AM

(Видео) Пукаа ѕидови, се тресеше Србија – Два земјотреса во Крагуевац

Првиот земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Србија дваесетина минути по полноќ, а епицентарот на земјотресот бил во близина на Крагуевац, на длабочина од 15 километри.

Во 5 часот и 18 минути утринава уште еден земјотрес со јачина од 2 степени е почувствуван во Крагуевац.
Жителите на Крагуевац се многу вознемирени по земјотресот, а на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат првите последици од земјотресот.

Еден корисник на Твитер објави видео на кое се гледа огромна пукнатина на ѕидот создаден од земјотресот.

Извор и фото: mondo.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1